Тренерот на Вардар Никола Илиевски – Џиџи го победил коронавирусот, пренесуваат Комити. Како што стои во нивното соопштение тој е пуштен на домашно лекување и откако ќе му помине изолацијата ќе се врати на тренинзите на Вардар.
„Џиџи го победи вирусот! Ве известуваме дека здравствената состојба на Џиџи е подобра, па од пред некој ден тој е пуштен на домашно лекување. Очекуваме набрзо да му помине изолацијата, и веќе во текот на следната недела да го видиме назад на клупата на Вардар. Во меѓувреме тренерскиот тим Грне, Тане, Гичо, Шани, Илиќ ги водат тренинзите, додека утрешниот натпревар во Битола официјално ќе го предводи Златко Таневски – Тане“, стои во соопштението на Комити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.