На Стивен Џерард не му пречи да го „паркира автобусот“ на „Олд Трафорд“, ако денешната ждрепка во Нион ги смести во иста група Глазгов Ренџерс и Манчестер Јунајтед. Двете екипи можат да се сретнат во групите на Лига Европа, откако Шкотите вчера ја елиминираа Легија Варшава на „Иброкс“.

На прашањето кој тим сака да се падне со Ренџерс во Лигата на Европа, Џерард со насмевка одговори: „Не ми пречи да го паркирам автобусот на „Олд Трафорд“.

Горд сум на она што досега го постигнаа Ренџерс. Една од причините поради кои го презедов тимот беше поддршката од навивачите и раководството. Разочарувањето можеше да го видите пред победничкиот гол. Дури сакав да излезам на теренот и да помогнам. Моменти како овој (голот на Морелос во првата минута од додадено време за конечни 1-0) ме натера да се чувствувам горд и ми даде причина да работам уште повеќе. Беше исклучително емотивно. Особено минутите, во кои славеа нашите играчи со 47.000 навивачи. Јас сум горд што сум нивни менаџер, рече Џерард.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.