Фудбалерот за врска на Астон Вила, Џек Грелиш, наскоро може да стане играч на Манчестер сити. како што објави „ЕСПН“, двата клуба се блиску до договор за трансфер на англискиот репрезентативец за 100 милиони фунти.
Доколку трансферот се реализира, тогаш оваа зделка ќе биде рекорд во Премиер лигата. Највисоката сума досега платена од англиски клуб е 89 милиони фунти кога Манчестер јунајтед го купи играчот за врска Пол Погба.
Минатата сезона, 25-годишниот Грелиш одигра 26 натпревари во Премиер лигата, постигна шест гола и оствари 12 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.