Фудбалската планета остана во шок после стравичната несреќа во која загинаа голманот, неговата сопруга и нивниот шестгодишен син, а сега станаа познати и детали на несреќата и какво чудо се случило во смачканиот автомобил.
За потсетување, чуварот на мрежата на белорускиот Витебск, Андреј Шербаков (27), како и неговата 2 години помлада сопруга Ана и постариот син Артем загинаа во тешка сообраќајна несреќа во понеделникот навечер во близина на Минск. Во таа прилика нивниот втор, тригодишен син Хлеб успеа да преживее, а како што рекол очевидец на трагедијата никој не можел да верува дека во смачканиот автомобил Киа, воопшто имало преживеани.
Тоа не беше пат, тоа беше лизгалиште. И јас доживеав несреќа, бидејќи автомобилот ми се излизга од патот и се преврате – рекол за белорускиот Спутник, Андреј Бобковиќ.
Според неговите зборови, додека тој со сопатниците чекал полиција, сообраќајот се одвивал отежнато. Набрзо по доаѓањето на возилот на надлежните, се случила трагедијата.
Буквално две минути по нивното доаѓање, додека сообраќаецот ме прашуваше како се чувствувам, по истиот пат од правецот на Минск, доаѓаше Киа. Помина во спротивната лента и со сета брзина се заби во шлеп возило на Мерцедес – открил очевидецот.
Андреј Шербаков бил во автомобилот со сопругата и двете деца. Се враќале од одмор во Египет. Иако прелиминарната истрага покажува дека не ја надминал дозволената брзина, мразот на патот бил кобен.
Од автомобилот немаше ништо останато, а тогаш од искршениот автомобил слушнавме плач на дете – рекол Бобковиќ.
Во прв момент никој од присутните не смеел да пријде до автомобилот и да му помогне на детето, бидејќи никој не знаел во каква состојба е тригодишното дете.
А тогаш се случило ново чудо.
Додека се чуделе како да го извлечат детето, наишол друг автомобил.
Додека сите стоевме и гледевме, друг автомобил се појави и почна да пролизгува и за малку повторно ќе го удреше автомобилот во кој се наоѓаше преживеаното момче. За среќа возачот во последен момент закочи и го спречи крвавиот епилог – завршил очевидецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.