Лудилото кое со себе го доенсе финалето на Копа Либертадорес, однесе и човечка жртва. Ни крив ни должен настрада едно младо, 21.годишно момче, инаку фан на Ривер Плата, кој враќајќи се од прославата по повод освојувањето на титулата, бил пресретнат од двајца фанови на Бока Јуниорс – и убиен!

Настанот се случил во провинцијата Мисионес, кога овие двајца хулигани, се претпоставува на возраст од 18 и од 22 години, прво го претепале, а потоа со нож му задале смртоносна рана на Езекиел Арон Нерис, кој на себе имал обележја на Ривер Плата, пренесуваат медиумите во Аргентина.

Несреќното момче, пред да искрвари, стигнало да ја повика својата мајка и да и каже:

„Умирам, умирам, ме нападнаа бидејќи ја славев титулата”…

Неговата несреќна мајка изјави:

„Ми го убија синот како да е куче. А само се шеташе”…

Таа објаснила и за тоа дека Езекиел не можел да се брани.

„Неодамна имаше тешка операција после падот од мотор”- додаде несреќната жена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.