Македонската фудбалска репрезентација е на прагот да ја забележи првата победа во квалификациите за Светското првенство во Катар следната година, откако експресно успеа да дојде до водство од 3:0 против Лихтенштајн.
Македонија уште во седмата минута поведе против гостите по слободниот удар на Барди, а до крајот на првото полувреме резултатот остана непроменет. Меѓутоа, тоталната офанзива на избраниците на Ангеловски продолжи и во вториот дел, а тоа вроди со плод со двата брзи гола на Александар Трајовски.
Офанзивецот на Мајорка најпрво во 51, а потоа и во 53 минута донесе предност од 3:0 и го реши натпреварот против аутсајдерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.