Српскиот фудбалер Душко Тошиќ утринава бил нападнат во центарот на Белград, пишуваат српските медиуми.
Душко и Андреја Милутиновиќ, координатор за физичка припрема и рехабилитација на репрезентацијата на Србија, биле нападнати додека тренирале на Калемегдан.
Како што пренесува курир.рс, по 10 часот, Тошиќ и Милутиновиќ пријавиле дека малолетници ги мавале со лименка.
Душко и Андреја не се повредени, а полицијата излегла на терен. Наводно, еден минувач изјавил дека малолетниците покажувале нож. Истрагата е во тек.
По тој повод се огласи и фудбалерот кој на „Инстаграм стори“ напиша:
„За да ги спречам нагодувањата, точно е дека моите колеги фудбалери и јас бевме нападнати на утринскиот тренинг на Калемегдан. Не нападна група на хулигани која имаше ножеви и електро шокови. За среќа, сите завршија без големи последици, полицијата реагираше и успеа да ги уапси напаѓачите кои повредија една жена која случајно поминуваше“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.