Фудбалерот Душко Тошиќ ја изневерувал својата сопруга Јелена Карлеуша и со Ана Кораќ. Фудбалерот бил со Ана во летото 2017 година, додека тој играл за Бешикташ во Турција, период во кој и Јелена ја започнала врската со Огњен Врањеш, пренесуваат медиумите.

Душко го набавил бројот на Ана преку пријатели пред 1,5 година и веднаш почнале да се допишуваат. После еден месец флертување, тој ја повикал во Турција, што таа одушевено прифатила. Се договориле тоа да биде тајна, па таа никому да не зборува каде оди и со кого се гледа, а за време на престојот во Истанбул не објавила ниту една фотографија на социјалните мрежи – открила блиска пријателка на старлетата за еден белградски весник.

Таа уште додала дека Ана Кораќ и открила интимни детали од врската со Тошиќ.

Душко е најдобар љубовник со кој била, никогаш нема да го заборави сексот со него. Ми зборуваше дека неколку пати пред него ја споменала Јелена, но тој и нагласил дека не сака да разговара за жена му – раскажала другарката на Ана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.