Ренова го заврши настапот во квалификациите во Лигата на Европа. Едно коло, толку беше максимумот на тимот од Џепчиште. Ренова изгледаше како да е помирена со поразот уште пред да почне. Цакташ погоди по грешката на одбраната на домаќинитр уште во првите минути од мечот. Целото прво полувреме беше здодевно за гледање и среќа што мечот се играше без публика.
Во вториот дел Ренова напаѓаше но без некоја сериозна прилика да го загрози голот на гостите. Штета што и еден ваков просечен Хајдук од кој е останато само името беше пресилен за тимот на Ренова.
Дуелот со Галатасарај ќе остане само сон за некоја следна сезона
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.