На почетокот на следната недела Милан ќе го објави новото засилување – Бразилецот Лео Дуарте.
Според бразилските медиуми, Милан се согласил да му плати на Фламенго 11 милиони евра за услугите на Дуарте, односно 10 милиони евра плус еден милион во бонуси.
„Росонерите“ сега само чекаат финализирање на документите пред 23-годишниот фудбалер да тргне кон Милан за да ги изврши лекарските прегледи, по што ќе следи и ставањето потпис на договорот.
Дуарте учествуваше на денешниот подготвителен тренинг и сигурно ќе отсуствува на утрешниот натпревар на Фламенго против Ботафого.
На 22 август, 2018 година Дуарте го продолжи договорот со Фламенго до декември, 2022, но очигледно и тој и клубот добија понуда што не се одбива од Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.