Вистинска драма се случубаше во Белград на натпреварот меѓу Србија и Португалија.

Португалците водеа со 2:0 на полувреме, по што во вториот дел Србите направија преврт и го изедначија резултатот, но кулминацијата на возбудувањата се случи на само неколку секунди до крајот на судиското надополнување.

Во 93. минута од мечот (последната од судиското надополнување) Кристијано Роналдо ја протна топката крај голамнот Дмитровиќ, по што Митровиќ со лизгачки старт ја исфрли топката од голот кога таа веќе ја минуваше гол-линијата.

Главниот и помошниот судија оценија дека топката не ја минала линијата со целиот обем и не досудија гол. Сепак, фотографии и видеа од ситуацијата покажуваат дека Португалците беа оштетени, но поради тоа што на овј натпревар нема ВАР, судиите не го признаа голот на Роналдо.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.