Фудбалерите на босанската репрезентација доживеаја вистинска драма на летот за Ерменија, каде денеска треба да гостуваат. Два часа по полетувањето од Сараево, околу 15 часот, кога авионот се наоѓал на територија на Турција, влегол во турбулентна зона и пилотот морал нагло да сврти на лево, пренесува босански „Дневни аваз“.
Тоа предизвикало паника меѓу репрезентативците. Некои од нив стоеле, и веднаш по овој потег се вратиле на своите места. После летот новинарот на Аваз разговарал со пилотот кој му соопштил дека за секунда била избегната катасатрофа.
Вакви маневари се опасни. За ова ќе морам да го известам воздухопловството. Само секунди недостасуваа да се случи катастрофа, изјавил пилотот, пренесе „Аваз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.