Фудбалерите на Аугзбург синоќа ја совладаа екипата на Борусија Дортмунд пред своите навивачи со 2-1 и со тоа му направија проблем на лидерот на табелата во Бундес лигата.
Џи Донг Вон во 24-та и 68-та минута погоди за домаќините, додека мала надеж за поволен резултат во гостинскиот состав врати Пако Алкасерес кој стрелаше прецизно во 81-та минута. До крајот мечот не се промени резултатоти и гостите капитулираа.
„Милионерите“ го претрпеа само вториот пораз сезонава, но во последните пет натпревари во германскиот шампионат имаат само една победа. Екипата на Дортмунд има само три бода предност пред Баерн Минхен, кој својот натпревар ова коло го игра денеска и има шанса да го стигне Дортмунд на врвот на табелата.
Овој пораз доаѓа во незгодно време за Дортуминд бидејќи во вторник тие на домашен терен го играат реванш натпреварот во Лигата на шампионите против Тотенхем. На првиот меч во Лондон, германскиот тим претрпе тежок пораз од 3-0, па шансите за да минат во следната фаза од елитното натпреварување им се минимални.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.