Централниот дефанзивец, Матс Хумлес (30) е повторно играч на Борусија Дортмунд, објавија вчера „жолто-црните“ на својата официјална страна. Германецот играше за тимот од „Сигнал Идуна Парк“ од 2008 до 2016 година, потоа премина во баварскиот клуб.
За три сезони во тимот од Минхен, Хумелс одигра вкупно 116 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и освојувајќи седум трофеи. Борусија за Хумелс ќе плати на Баерн околу 38 милиони евра.
Германецот има 309 натпревари за Дортмунд, во кои освои две титули во Бундеслигата и загуби едно финале во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.