Вардар од поодамна во тешка финансиска ситуација со блокирана сметка, чие одблокирање барем привремено за да се стартува со подготовките како услов од фудбалерите што останаа, па црвено-црните според последниот извештај на Управата за јавни приходи (УЈП) за неплатен данок се сериозно заглавени со долг од 40 милиони денари (640.000 евра) и тоа заклучно со крајот на третиот квартал до 31 септември лани.
Бидејќи во Вардар ништо не е подмирено, за очекување е дека овој долг е поголем, а сето тоа ќе излезе откако ќе се процесуираат и долговите на клубот кон УЈП за последниот квартал, па сумата секако дополнително ќе порасне за најмалку 100 илјади евра, ако не и повеќе.
Црвено-црните во јуни лани имаа блокираната сметка за 3,65 милиони евра, иако после оставката на управата и директорот Самоил Симев, тој тврдеше дека реалниот долг на клубот е 2,4 милиони евра и тие пари треба да ги подмири рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, но од такво нешто нема ама баш ништо.
Целиот текст на Спорт1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.