Англискиот гигант Манчестер Јунајтед пред два дена стана првата екипа во Лигата на шампионите која успеа да анулира негатива од 0-2 на свој терен и да обезбеди понатамошен пласман во европската фудбалска елита.
Јунајтед со 1-3 го елиминираше ПСЖ среде Париз, но овој херојски триумф веќе е минато за „ѓаволите“ и менаџерот Оле Гунер Солскјер, бидејќи овој викенд ги очекува нов дерби меч со конкурентот за четвртата позиција на табелата во Премиер лигата, Арсенал.
Најтрофејниот премиерлигаш на „Паркот на принцовите“ играше со комбиниран состав, а денес пристигнаа добри вест за фановите, откако норвешкиот стратег потврди враќање на тројца првотимци.
Баи е добар. Марсијал ќе биде подготвен, а се надевам дека во составот ќе ги имам и Матиќ и Херера. Со овие враќања нашиот тим ќе изгледа многу подобар. Нè чека важен натпревар и затоа мораме максимално да се подготвиме, рече Оле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.