Меделин Рајт е англиска фудбалерка, која минатата година доби отказ од клубот Чарлтон откако на социјалните мрежи објави видео како ужива и пие шампањ.
По таквиот отказ, таа одлучи да прави провокативни фотографии и видеа и да ги продава на сајт за возрасни, нешто што и донесе добра заработувачка.
Меделин имаше и свој сајт, каде што цената за членство беше по 33 долари за еден месец. Но, иако имаше доста заинтересирани, на изненадување на сите, во март оваа година таа одлучи да се повлече.
Сепак, според медиумите од Англија, таа одлука е со краток рок на траење, а Меделин одлучила повторно да ги „радува“ фанови со нејзините разголени фотографии и видеа. Само што овојпат, цената за месечната претплата а 45 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.