Изгледаше морничаво додека Кристијан Ериксен лежеше во несвест на теренот за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска. Скандинавскиот фудбалски мајстор пропадна во 43. минута од мечот на Европското првенство, неговиот пријател и капитен Симон Кјер наводно веднаш му го извадил јазикот од устата и го свртел , а лекарите истрчале и го оживеале на теренот.

Говорејќи за „Асошиејтед Прес“, данскиот репрезентативен доктор Мортен Босен објасни како изгледале моментите кога сфатил колку е драматична ситуацијата.

Тој дишеше и го чувствував неговиот пулс, но одеднаш тоа се смени. Како што сите видоа, почнавме да го реанимираме – вели докторот.

Познатиот англиски лекар отворено рече дека Ериксен „ бил мртов во тие моменти “, а данскиот стручњак кој веднаш му помогнал на Ериксен објасни дека следните 10 минути биле застрашувачки, додека тој го оживувал, а неговите соиграчи правеле круг, така што нема можеше да се види што се случува .

За среќа, епилогот беше позитивен.

Успеавме да го вратиме. Тој разговараше со мене пред да биде пренесен во болница – додаде д-р Босен.

Фудбалерот е примен во болницата во Копенхаген во свесна состојба, што го потврди и Фудбалскиот сојуз на Данска. После тоа, тој наводно стапил во контакт со тимот во соблекувалната, додека тие се соочувале со дилема – да се вратат на теренот или да го одложат натпреварот .

Неверојатно е што направија момците. Тие се вратија и го одиграа второто полувреме – изјави селекторот на Данска Каспер Хулманд низ солзи по поразот од Финска.

Секако, лекарите на Интер исто така активно ја следеа ситуацијата и драмата на нивниот играч.

Ние сме во контакт со Федерацијата на Данска, со нивниот менаџер на тимот, лекарот … Засега не знаеме ништо. Слушнавме што објави УЕФА и сите сме среќни затоа што неговата состојба е стабилизирана – рече докторот Интера Пјеро Волпи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.