Македонскиот голман, Столе Димитриевски има одлична сезона во дресот на Рајо Валјекано. Ова е прва негова сезона во најсилната шпанска лига каде покажа дека има квалитет да брани во Ла Лига. Неговиот тим до крај ќе се бори за опстанок во елитното друштво, а Столе истакна дека е насочен кон тоа да му помогне на тимот во таквата намера.
Како што веќе објавија повеќе шпански медиуми, за него има сериозен интерес од Валенсија која сака да го види Димитриевски во своите редови во летниот преоден рок. Сепак, тој истакна дека е свесен за интересот, но дека во моментов е целосно насочен кон опстанокот со Рајо Валјекано.
Среќен сум поради тоа што има интерес од Валенсија, но во моментов си зацртав краткорочна цел до крајот на оваа сезона. Она што е важно за мене во овој момент е клубот да опстане во лигата. Кога ќе се случи тоа и потоа ќе видиме што ќе се случи. Клубот има спортски директор и на лето ќе знаеме што ќе се случи. Среќен сум со интересот од Валенсија, но во моментов повторувам која ми е целта, опстанокот со Рајо, истакна Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.