Обилните снежни врнежи од невремето „Филомена“ ги ставија во вонредна состојба Мадрид и други делови на Шпанија, поради тоа што е нарушен сообраќајот и принудени се некои региони да испраќаат војници да ги расчистат патишта.
Фудбалерите од сите клубови се бесни што водечките луѓе во Шпанија им наредија да патуваат во петок навечер и покрај ужасните услови, а дека оваа одлука беше бесмислена најдобро говори тоа што играчите на Атлетик се вратија во своите домови во Билбао, а оние на Рајо Валјекано назад во Мадрид и го одложија заминувањето за Бургос каде требаше да играат со Мирандес.
Играчите на мадридскиот клуб заглавија на автопатот како и многу други жители од Шпанија, па клубот на „Твитер“ сподели видео и откри дека Столе Димитриевски и останатите играчи се симнале од автобусот за да им помогнат на автомобилите кои не можеле да мрднат во снегот:
🎥 Hola @CDMirandes vamos para allá. Por nosotros no va a ser pero esto está complicado 🌨️🌨️🌨️
Que lleguéis sanos todos los que tenéis que estar hoy en las carreteras. pic.twitter.com/7vPpcOjAcw— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) January 8, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.