Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста ја санираше повредата на стапалото и закрепна по операцијата која ја имаше во ноември. Натурализираниот Шпанец имаше хируршка интервенција во неговиот роден Бразил, минатиот месец се врати во тимот на Атлетико, а наскоро се очекува да се врати на зелените терени.

Шпанските медиуми јавија дека 30-годишниот фудбалер ќе биде подготвен на 20 февруари, за првиот натпревар против Јувентус во осминафиналето Лигата на шампионите.

За време на неговото отсуство, Атлетико најде замена и ја зголеми својата конкуренција со тоа што го доведе Алваро Морате на 18-месечен заем од Челзи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.