Шпанскиото радио „Кадена СЕР“ јавува дека Интер веќе го обезбедил потписот на уругвајскиот интернационалец од редовите на Атлетико (М), Диего Годин. Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а “нероазурите” ја искористиле можноста да го ангажираат без оштета.
Според радиото, Уругваецот ќе потпише 2-годишен договор со калчо гигантот, а за време на престојот на „Џузепе Меаца”, Години ќе заработи околу 11 мил. евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.