Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала може да се врати во составот во 21. коло од италијанскиот шампионат против Рома, објави „Фудбал Италија“.

Според италијанскиот медиум, 27-годишниот Аргентинец се вратил на тренинг во генералната група и се подготвува за мечот против Римјаните.

Во сезоната 2020/21, Дибала одигра 16 натпревари за Јувентус, постигна три гола и две асистенции.

Дибала нема одиграно натпревар од 10 јануари поради повреда на левото колено



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.