Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала одлучил да остане во италијанскиот шампион Јувентус, иако многу клубови покажуваа голем интерес за него. „Кориере дело спорт“ пишува дека напаѓачот имал разговор со тренерот Маурицио Сари, кој јасно му дал до знаење дека сака да остане во екипата и да му се приклучи на тимот во подготовките за следната сезона.
Дибала беше на одмор бидејќи учествуваше во Копа Америка како дел од репрезентацијата на Америка, но сега веќе се вратил во Торино.
Инаку, многу европски великани се понудија да го купат Аргентинецот од „Старата дама“. Манчестер Јунајтед и ПСЖ пројавија интерес, а денеска во медиумите се спомнува и Тотенхем кој наводно е спремен да понуди 80 милиони евра за Дибала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.