Епизодата која одличниот аргентински фудбалер, Анхел Ди Марија ја имаше во Манчестер Јунајтед беше навистина лоша. Откако пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување од Реал, Ди Марија не успеа да се снајде и беше многу критикуван, па набрзо беше продаден во ПСЖ.
На почетокот сè беше одлично во Манчестер Јунајтед, но потоа следуваа проблемите. Ван Гал секогаш ми зборуваше само за лошите работи во мојата игра. Еднаш се скаравме и го прашав зошто ми зборува само за лошите работи, а никогаш не ги споменува добрите. Не му се допадна начинот на кој разговарав со него и од тогаш започнаа проблемите, изјави Анхел Ди Марија.
Аргентинецот веќе неколку сезони е незаменлив во ПСЖ каде со своите асистенции одлично соработува со првите ѕвезси на тимот, Нејмар, Мбапе и Кавани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.