Фудбалерот на Охрид Лихнидос Един Мерсовски е херојот на денот. Мерсовски го жртвувал својот живот за од водите на Охридското Езеро да спаси три дечиња, јавува порталот Њуз 1. Децата, кои биле на 8 и 9 години, се исплашиле, па студената вода ги повлекла надолу. Според неговата изјава, прво изгледало дека децата си играат во водата, но не било така.
Најпрво мислевме дека играат и покрај тоа што е чудно ова време во вода да се капат, но многу брзо сфатив дека нешто не е во ред. Многу луѓе кои се шетаа по кејот застанаа и гледаа. Од брегот се гледаше дека се обидуваат да испливаат, но дека не можат. Веднаш скокнав по нив. Како ги влечев, им ги подавав на другарите да ги извлечат од водата, раскажува Мерсовски за Њуз 1.
По инцидентот спасителот од исплашените деца разбрал дека додека седеле на мостот, едно од дечињата се лизнало и паднало во водата, а другарчињата сакајќи да му помогнат, скокнале по него.
Извор: NEWS1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.