Дерби Каунти е вториот финалист во плејофот за влез во Премиер лигата. „Овните“ одиграа одличен натпревар во реванш-дуел во полуфиналето против Лидс на „Елан роуд“ и ги шокираа домаќините, поразувајќи ги со 4-2.

На првиот меч, тимот од Јоркшир победи со 1-0, но по вчерашниот пораз тие се збогуваа со сонот за враќање во елитата за сметка на нивниот ривал.

Тимот на Френк Лампард ќе се сретне во финалето против Астон Вила, каде помошник-тренер е неговиот поранешен соиграч од Челси, Џон Тери.

Двата тима ќе се соочат еден против друг на 27 мај на „Вембли“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.