Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, ги сподели своите очекувања за денешниот натпревар од Суперкупот на Европа против Челзи во Белфаст.

– Сакам да го освојам Суперкупот, бидејќи не сум го освоил порано. Победата ќе биде одличен начин да се повлече границата од минатата сезона. Можеме уште еднаш да се запишеме во историјата и да постигнеме нешто неверојатно на почетокот на новата сезона. Суперкупот ќе покаже за што сме способни во натпревар со таква големина како Челзи – актуелниот европски клупски шампион и, според мое мислење, најдобриот тим на планетата, рече Емери.

Тој како тренер на Севилја учествуваше два пати во Суперкупот (2014 и 2015 година) и два пати загуби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.