Фудбалската репрезентација на Македонија денеска игра уште еден историски натпревар. Последен ривал во овој квалификациски циклус за Светското првенство (СП) ќе биде селекцијата на Исланд меч кој ќе започне денес 18:00. „Рибарите“ се отпишани и немаат мундијалски шанси, додека за Македонија ова е дуел да се биде или не. Македонија ги има работите во свои раце и ако победи во овој меч за првпат во историјата ќе игра во еден мундијалски бараж. Претходниот меч заврши 2-2 во Рејккјавик иако имавме предност од 2-0 на тој меч.
Благоја Милевски, исто како и претходно, нема да може да смета на тројца играчи за врска, Бобан Николов, Ердал Ракип и Аријан Адеми кои се се повредени. Добра вест е што во стартниот тим се враќа капитенот Стефан Ристовски, кој го пропушти претходниот дуел поради жолти картони
Традицијата вели победа за Македонија. Исланд во два меча не победил во Скопје и не постигнал гол. Дуелите во 1997 и 2009 година завршија со триумф на домашната селекција (2-0 и 1-0).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.