Искрешно информативно пано, оштетени ролетни и друга материјална штета е направена од страна на незадоволни навивачи вечерва во билетарата на скопскиот стадион, откако после 18 часот заврши продажбата на влезници за историскиот меч со Косово.

Навивачите кршеле оти биле бесни дека билетарата затворила „предвреме“, зашто на паното стоело работно време до 20.30 часот.

На социјалните мрежи се појави и видео, според кое навивачите чекале „пет часа“ за билети, па затоа и почнале со кршење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.