Британското одделение за истраги на авионски несреќи соопшти дека нивните колеги во Франција пронашле делови од авион на брегот на каналот Ламанш. Овие делови веројатно припаѓаат на авионот во кој се наоѓаше фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала.
Како што пренесува „БиБиСи“, француските власти на брегот во близина на Суранвил на полуостровот Контентин пронашле две перничиња од седиштата, кои одговараат на авионот Пајпер Малибу во кој беа пилотот Иботсон и Сала.
Деловите се пронајдени на две места, па моментално се заклучува дека се работи за авион со еден мотор во кој Сала минатиот понеделник замина од Нант кон Кардиф.
Потрагата по рекордното засилување на Кардиф вредно 15 милиони фунти Емилијано Сала продолжува и понатака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.