Хрватскиот фудбалер Дејан Ловрен им се обрати на жртвите од земјотресот во Хрватска нудејќи им на 16 семејства засолниште по катастрофалниот земјотрес што ја погоди неговата татковина.
Земјотресот со јачина од 6,3 степени се случи во Петриња, град со околу 25 000 жители кој се наоѓа југоисточно од главниот град Загреб. Досега се пронајдени околу седум жртви, а бројот на повредени е околу 20.
Почитувани граѓани на Петриња, го ставам мојот хотел во Новалија на располагање на 16-те најзагрозени семејства. Ако ви треба привремено сместување, контактирајте го мојот тим со вашите информации, предноста на семејствата со деца, напиша Ловрен на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.