Дефанзивците на калчолигашот Наполи, Елсед Хусај и Амир Рахмани, по втор пат во краток период се заразени со коронавирус, соопштија денеска италијанските медиуми.

И двајцата се заразиле играјќи за своите репрезентации на средина на ноември, Хусај за националниот тим на Албанија, а Рахмани за Косово.

Наполи на 2 декември соопшти дека Хусај и Рахмани се излечиле од коронавирусот, истакнувајќи дека и двајцата бие негативни на тестирањето за Ковид 19.

Седум дена подоцна, на 9 декември, на задолжителното тестирање пред денешниот меч на Наполи против Реал Сосиедад во Лига Европа, Хусај и Рахмани повторно биле позитивни на вирусот.

Сите играчи и членови на првата екипа во средата беа негативни на коронавирус, со исклучок на Хусај и Рахмани, чии тестови се позитивни и тие се испратени во своите домови во самоизолација до ново тестирање, соопшти клубот од Неапол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.