Заврши европската авантура за Шкупи во Конференциската лига на УЕФА со синоќешниот пораз од Санта Клара (0:2). Португалскиот тим и на првиот дуел беше поуспешен со 3:0 и заслужено оди во следната рунда.
Тренерот на македонскиот тим Гоце Седлоски рече дека санта Клара заслужено оди понатаму.
– Морам да му честитам на тимот на Санта Клара. Мислам дека во првиот натпревар ние бевме малку исплашени и покажавме преголема почит кон ривалот. Првиот гол во Скопје беше автогол, а другите два гола исто така беа наша грешка. Денес дојдовме тука со некои промени во тимот, каде што им дадовме можности на некои други играчи.
Знаевме од почетокот дека ќе биде тешко, бидејќи пред нас имавме многу силен противник. Морам да кажам дека сум задоволен од играта на мојот тим, особено во второто полувреме. Уште еднаш, мислам дека Санта Клара ја заслужи оваа победа и му посакувам успех во ова натпреварување, изјави Седлоски на прес-конференцијата по синоќешниот меч.
Фудбалска Македонија уште во јули останува без учесници во европските купови.
Единствената надеж, тетовска Шкендија е елиминирана од летонска Рига. Македонскиот шампион за целиот меч направи неколку шанси за гол, но тоа ни одалеку не беше опасност за гостинскиот голман Бркиќ.
Ова е комплетно разочарување ако се знае дека ова беше натпревар од од најслабото европско натпреварување-конференциската лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.