Еден од најбараните дефанзивци во летниот трансфер период, Матијс Де Лихт е се поблиску до потпис со италијанскиот шампион Јувентус. Како што јавуваат повеќе италијански сопртски медиуми меѓу кои и новинарот Џанлука Ди Марцио, Јувентус и агентот на Де Лихт, Мино Раиола изминатава ноќ ги комплетирале и последните детали околу завршување на зделката, а Холанѓанецот прифатил 5-годишен договор.
Пред извесно време, кога вечерав со моите пријатели од детството, дојдовме до заклучок дека отсекогаш сакав да бидам Кристијано Роналдо. Кога игравме фудбал заедно, секогаш сакав да бидам Роналдо. Тоа посебно беше случај кога беше дел од Манчестер Јунајтед, мојот прв дрес исто така беше од неговото име. Оваа вечера се случи непосредно по натпреварите со Јуве во Лигата на шампионите, на оние два дуели во кои се борев против него, изјавил Де Лигт за „Voetbal International“.
Останува Јунентус да го заврши трансферот и да ја договори оштетата со Ајакс кој тешко дека ќе прифати помалку од 75 мил. евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.