Спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар, изјавил дека капитенот на екипата, Матијас де Лихт, својата кариера ќе ја продолжи во Англија или Шпанија. Талентираниот централен дефанзивец е желба на голем број на европски фудбалски гиганти, а каде и да заврши, неговиот трансфер нема да биде помал од 75 милиони евра.

Ова се последните натпревари на Де Лихт за Ајакс. Ќе заврши во некој голем клуб, мислам во Англија или Шпанија, рекол ван дер Сар за „Скај Спорт“.

Оваа изјава ги отфрла од трката за централнио дефанзивец исто така за него заинтересираните Јувентус, Баерн Минхен и ПСЖ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.