Раководството на Наполи е близу до потпишување на нов договор со селекторот на тимот, Џенаро Гатузо, тврди „Газета дела Спорт“.

Според изворот, самиот Гатузо не брза да го продолжи сегашниот договор до 2023 година, поради одредени барања на претседателот Аурелио де Лаурентис.

Се забележува дека Де Лаурентис сака да вклучи во новиот договор клаузула според која Гатузо ќе мора да плати казна од седум милиони евра доколку сака предвреме да го раскине договорот.

Медиумите известуваат дека токму ваквите барања го спречуваат тренерот да го потпише договорот.

Сегашниот договор на Гатузо со клубот истекува во 2021 година, а на челото на тимот застана минато лето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.