Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, се сметал за виновен за поразот од Барселона со 3-0 во реванш-дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Според медиумите во Англија, шпанскиот голман се извинил на целиот тим во соблекувалната на „Камп Ноу“. Голманот на „црвените ѓаволи“ изјавил дека ако не била неговата грешка при вториот гол на Лионел Меси, шансите на неговиот тим би биле многу поголеми за пласман во полуфиналето.

Де Хеа бил неутешен пред играчите, иако ниту еден негов соиграч не го обвинил за било што. Шпанскиот репрезентативец не можеше да си прости за „подарокот“ што му го даде на Лео Меси и на „каталонците“.

Де Хеа инаку ја пропушти топката под раката по нападот на аргентинскиот напаѓач, со кој Барселона поведе со 2:0 во реваншот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.