Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, не дозволи гол во неговата мрежа во успехот на „црвените ѓаволи“ над Кристал Палас со 2:0 во натпревар од Премиер лигата.
Така, по 112-ти пат Шпанецот не дозволи гол на натпревари во Премиер лигата. На овој начин тој изедначи уште еден легендарен голман на тимот – Питер Шмајхел. Сепак, Данецот го оствари ова достигнување по 252 натпревари, а Де Хеа по 311.
Трет по овој интересен пласман е Едвин ван дер Сар, кој има 90 чисти мрежи од 186, Фабијан Бартез е на 4-то место со 30 од 92, а на петтото место е Рој Керол со 24 од 49
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.