Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин е избран за играч на сезоната во Премиер Лигата. 29-годишниот Белгиец постигна 13 гола во лигата и го израмни рекордот за асистенции со 20. Неговиот тим заврши на второто место во лигата, 18 поени зад шампионот Ливерпул.

Победникот беше одреден со гласање на навивачи, надополнето со изборот на капитените на екипите во Премиер лигата и избрани фудбалски експерти. Де Бруин стана трет Белгиец со наградата во последните 9 години по Винсент Компани и Еден Азар.

Играчот од средниот ред на Сити се соочи со конкуренција од триото на Ливерпул – Трент Александар-Арнолд, Џордан Хендерсон и Садио Мане, Дани Ингс од Саутемптон, Џејми Варди од Лестер и голманот на Барнли – Ник Поуп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.