Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин, продолжи со тренинзи откако закрепна од повредата на колкот, објавија англиските медиуми. Белгиецот се повреди на 2 март во натпревар против Борнмут и оттогаш отсуствуваше од теренот.

За потсетување, де Бруин ги пропушти натпреварите на Белгија од квалификациите за ЕП 2020 против Русија и Кипар.

Покрај Де Бруин, во тимот на Сити се врати и капитенот Винсент Компани, кој имаше проблеми со мускулите.

Дефанзивецот Џон Стоунс и играчот од средниот ред Фернандињо треба исто така наскоро да се вратат во тимот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.