Шпанецот Давид Силва најави дека по завршувањето на сезоната ќе ги напушти редовите на Манчестер Сити. 33 годишниот фудбалер скоро цела деценија го носи дресот на „граѓаните“, а на крајот на актуелнава сезона тој ќе биде слободен играч.
Деновиве се погласни се шпекулациите дека Силва ќе ја продолжи кариерата во САД, во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Наводно Бекам сакал во својот тим да има играч од шпанското говорно подрачје за да може подобро да се поврзе со шпанската заедница на Флорида.
Доколку Силва се договорил со Бекам, тој на новиот клуб ќе му се приклучи со задоцнување, од причина што сезоната во САД започнува во март, а Премиер лигата ќе заврши во во јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.