Дефанзивецот на Челси, Давид Луиз, по убедливата победа над Вотфорд (3-0), рече дека натпреварот бил потежок отколку што покажува резултатот. Триесет и две годишниот Бразилец додаде дека неговиот тим мора да продолжи максимално да се бори за да ја задржи третата позиција.
Челзи, со 71 поен, е првиот тим по водечкиот тандем Ливерпул и Манчестер сити.
Беше тешко, но ги искористивме нашите шанси. Распоредот е комплициран, но тешко е за секого. Кога имате повеќе од единаесет добри играчи, можете да ја ротирате поставата и да останете на исто ниво. Ние направивме одлична работа за денес да освоиме три бода, но Челси се уште треба да се бори до крај, вели Луиз.
Во последното коло Челси му гостува на Лестер и со евентуална победа ќе остане на третата позиција и ќе избори место во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.