Тешките денови на Вардар од финансиски план, стануваат уште потешки откако деновиве сметката на „црвено-црните“ е блокирана поради долг кон Дарко Панчев, поранешниот спортски директор.
Панчев одамна не е дел од „црвено-црните“, а било договорено да му биде исплатено до септември 2019 година. Но, тоа не се случило, па така во оваа година е поднесена е тужба, а извршител ја блокираше сметката.
Меѓутоа ова не е единствен случај, со оглед дека побарувања кон Вардар имаат и превозници, носители на храна, поранешни тренери, фудбалери, екс функционери, работници. Затоа во периодот кој ќе следува ќе биде уште потешко за „црвено-црните“ од финансиски аспект.
Спас е спортскиот ваучер, од кои 60 илјади евра мора да бидат префрлени кај поранешниот спортски директор на „црвено-црните“.
Претходно Вардарци не можеа да вршат трансфери поради неисплатена тренинг компензација кон Гандзасар за Филип Илиќ. Тоа беше средено, па Вардар во последен миг ангажираше играчи со кои направи „солиден“ тим во прволигашката битка. Но, сите овие работи кои се случуваат надвор дополнително ја отежнуваат работата.
Вардар во моментов има долгови некаде околу 3 милиони евра, а има ветување дека до крајот на годината ќе биде исплатено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.