Унгарскиот фудбалски стручњак, Пал Дардаи ќе ја напушти функцијата тренер на Херта на крајот од тековната сезона, објавено е на официјалната веб-страница на клубот. Одлуката е донесена заеднички од страна на раководството на тимот и Дардаи.

По анализата на целокупната ситуација, било одлучено дека менувањето на главниот тренер ова лето е вистински чекор за клубот. Така, Унгарецот ќе го предводи тимот уште на преостанатите пет натпревари.

Инаку, Дардаи ја предводи Херта од 2015 година. Во тековната сезона, берлинскиот клуб по 29 кола е на 11. место во Бундеслигата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.