Данскиот селектор Каспер Хјумланд денеска упати сериозни критики за УЕФА бидејќи не дозволи да се одложи натпреварот од првото коло на Евро 2020 против Финска на повеќе од 24 часа откако на теренот колабираше Кристијан Ериксен. Лекарскиот тим на данската репрезентација 20-тина минути се обидуваше да му го спаси животот на Кристијан Ериксен и на крајот успеа, а натпреварот продолжи по пауза од 90 минути. На крајот Данска иако беше фаворит загуби од Финска со 0:1.

Единствена вистинска одлука ќе беше да ги пратев играчите во автобус и да ги вратам дома. Кога некоја репрезентација има заразени играчи со коронавирус тогаш натпреварот се одложува за два дена. Но, кога на некого ќе му застане срцето, тоа не е случај – изјави Хјумланд.

Поранешниот дански голман Петер Шмајхел открива дека УЕФА ѝ дала две опции на Данска, натпреварот да се доигра во сабота или да се доигра наредниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.