Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на теренот и остана во несвест за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска.

Натпреварот од групата Б се игра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, а Ериксен, sвездата на Интер, се сруши на теренот кон крајот на првиот дел од натпреварот.
Лекарите веднаш притрчаа да му помогнат и се обидоа да го оживеат на самото место со масирање на градите.

За тоа време, соиграчите почнаа да плачат, навивачите се фатија за главите, а Ериксен не даваше знаци на живот.

Млку пред да заврши мечот Данска-Финска играчот на Данска и Интер, Кристијан Ериксен во еден дуел падна покосен и почна да го голта јазикот. Веднаш му притрчаа на помош неговите соиграчи. Докторите шест минути се обидуваа да го реаниммираат, додека публиката и двата тима во грч го следеа медицинскиот тим како го реанимираат. Ериксен беше изнесен од теренот, а натпреварот и официјално беше прекинат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.