Италијанскиот фудбалер Даниеле де Роси по 18 години ќе ја напушти Рома, во кој ја помина целата своја фудбалска кариера. Веста е потврдена и на официјалната страница на Рома, каде се вели дека договорот на Де Роси со „волчицата” истекува на крајот на оваа сезона и дека истиот нема да биде продолжен.
Триесет и пет годишниот фудбалер е „дете” на Рома, а на „Олимпико” дебитираше уште како тинејџер. Oд тогаш Де Роси целата својата кариера ја мина кај „волчицата”, иако имаше многу понуди од големи европски клубови.
Во 18-те сезони поминати во Рома, Де Роси одигра 615 натпревари, постигна 63 голови и 54 асистенции. Со Рома има освоено два купа на Италија и еден трофеј во италијанскиот Супер куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.