По елиминацијата на Хрватска, селекторот Златко Далиќ повика двајца фудбалери кои не размислуваа во моменти кога се играше и кога во 38. минута Шпанците го изедначија резултатот. Анте Ребиќ ги менуваше копачките, а Гвардиол пиел вода, додека противникот тргнувал во против напад по кој изедначи на 1:1.

Кога ќе го погледнете целиот натпревар, не сме среќни. На 3-3 ни се случи кикс, тажен сум, жал ми е за сите што не поддржуваа и за фудбалерите кои дадоа се од себе. Не минавме понатаму, ама можам да бидам среќен од она кое го видов. Ние во 38. минута менувавме копачки и пиевме вода, па противникот не казни. Сѐ уште не сме пораснати. Ова не е меч против Шкотска, ова е противник кој го казнува секој кикс. Не трчавме доволно во првото полувреме, а не можеш да му парираш на ваков ривал ако одиш по теренот, изјави Далиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.