Сергеј Самсоненко си заминува од фудбалскиот клуб „Вардар“.
Сите сте слободни да си барате нови клубови, додека има време, биле зборовите со кои Самсонеко им се обратил фудбалерите,.
Проблемите кои ги имаше спонзорот Самсоненко околу спорни случаи, политичките игри, и немањето поддршка од државата, го избркаа рускиот спонзор кој остави траен белег и во ракометниот и во фудбалскиот тим. Фудбалскиот тим играше историски во групата од Лигата на Европа, со ракометарите освои две европски шампионски титули.
Каква одлука ќе донесе Самсоненко во однос на ракометниот клуб, сеуште не е познато.
извор: спортски.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.